Осум лица денеска загинаа во пожарот кој изби на одделението за интензивна нега за лекување на пациенти заразени со коронавирус во приватна болница на југот на Турција.
Новинската агенција „Анадолија“ пренесува дека пожарот избил откако експлодирала боца со кислород на одделението за интензивна нега во приватната болница „Санко“ во Газијантеп.
Жртвите биле на возраст од 56 до 85 години, а 14 пациенти биле спасени и префрлени во други одделенија во болницата. Пожарот бил набрзо потоа ставен под контрола, а отворена е истрага во врска со случајот.
На одделенијата за интензивна нега во Турција се исполнети 74% од креветите, откриваат податоците на турските власти, иако здружението на турски лекари предупредува дека капацтетите се целосно исполнети со пациенти заразени со коронавирус.
Во Турција досега се регистрирани 1,98 милиони заразени, а како последица на коронавирусот починаа 17,610 лица.