Оклахома Cити и Хјустон направија еден од најбизарни трејдови во НБА. Овие две екипи неодамна направија договор во кој беа вклучени осум играчи и тоа кај Оклахома завршија Дејвид Нвабу, Маркиз Крис, Треј Бурк и Стерлинг Браун, додека во таборот на „ракетите“ слетаа Дерик Фејворс, Тај Џером, Тео Маледон и Морис Харклес.
Од сите нив, само еден доби шанса да го облече дресот на новиот тим и тоа Нваба и тоа во претсезоната, но и тој не преживеа до почетокот на сезоната.
Ден по ден во пресрет на новото првенство, секој од учесниците на оваа размена доби отказ. Единствена логика на ваков договор е искористување на исклучоците кои постојат во правилата на НБА во вакви трејдови, со што Оклахома и Хјистон успеале да заштедат некој долар на нивните договори. Така осум кошаркари останаа без работа без воопшто да стапнат во просториите на клубот кој претходно ги ангажира.