Осум граѓани на возраст од над 100 години се пријавиле за вакцинација против ковид-19, објави Канал 5.

Преку „Вакцинација.мк“ вкупниот број на пријавени е 75.900 граѓани, а уште 52.351 граѓанин преку матичните лекари.

Според статистиката што ја објави телевизијата, најголем дел од пријавените лица над 70 години се на возраст од 70 до 72, вкупно 15.235 граѓани.

Интересно е дека најстариот пријавен граѓанин за имунизација е на возраст помеѓу 103 и 106 години. Седум се на возраст од 100 о 102, а 12 помеѓу 97 и 99 години.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.