Министерот за надворешни работи вели дека единствено логично прашање на евентуален референдум би требало да биде „Дали се против ЕУ со македонски јазик во него“. Според него сите прашања кои се важни за Македонија се обезбедени и дека се друго е рушење на евроинтегративниот пат.
– Освен ако референдумското прашање не биде „Дали сте против ЕУ со македонски јазик во него – не знам за што би имало друго референдум, бидејќи сите прашања коишто за нас се важни се обезбедени со овој договор. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за отворање и затворање поглавја и имаме почеток на преговори. Единствено логично прашање на тој референдум би било „Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ? Друга причина за референдум навистина не гледам, оцени Османи.