Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес во Софија оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Средбата мина во исклучително пријателски тон, на која беа отворени темите за билатералните односи, внатрешно-политичките случувања во двете земји, како и европските перспективи на Република Северна Македонија и целиот регион.

-Добрососедските односи се наш прв приоритет, и нашата искрена заложба е зајакнување на односите со Република Бугарија. Тоа е и наш државен интерес, за што остануваме цврсто посветени на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани, истакнал  Османи.

Османи и Борисов се согласија дека патот напред е преку усвојување и практикување на европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително ќе ги зацврсти билатералните релации.