Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во интервју за БТВ, во пресрер на меѓувладината седница на двете земји, порача дека не гледа проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав, како што Албанците и другите заедници во нашата држава имале корист од Рамковниот договор.

 Не гледам ништо проблематично за која било друга етничка заедница да се вклучи, да се интегрира, но и да покаже одговорност и лојалност кон државата. Конкретно, можам да зборувам за Рамковниот договор, како претставник на етничка заедница која имаше корист од Рамковниот договор, но тоа не беше само за Албанците и Турците, Србите, Власите и Ромите, туку може и Бугарите станат дел од него“, вели Османи за БТВ.

Османи воедно додава дека Бугарија треба да размисли за промени во историската комисија.

-Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“,  вели Османи во интервју за БТВ.

Изјавата на Османи следува една недела по посетата на бугарскиот премиер на Скопје и еден ден пред посетата на делегација од Македонија на Бугарија, при што во Софија двете влади ќе имаат заедничка седница.