Добрите односи со Бугарија и европската перспектива за РС Македонија немаат алтернатива, ова во ексклузивно интервју за БГНЕС го изјави шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Запрашан што имаат намера да направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија за почеток на преговори за членство во Европската Унија/ЕУ/, Османи го рече следново: Во однос на политичките прашања, според мене, активно ќе се бара решение во следниот период. Како што знаете, PCM беше конструктивната страна за изнаоѓање решение.

„Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат суштинските разговори, мислам дека во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија“, вели Османи и нагласува: „Немаме друга алтернатива освен заедничката европска перспектива. Се надеваме дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе даде резултат“.