Kрајно време за ЕУ да го реализира и потврди отворениот пат за Западен Балкан кон членство во ЕУ, даден уште во 2003 година на кој регионот напорно работи изминатите декади. 2030-та е реална цел за обединување на Европскиот континент преку вклучување на Балканот во ЕУ.

Ова е пораката од министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, кој се обрат на панел дискусијата на Балканскиот Форум во Будимпешта, на која учествуваа и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија Олта Џачка и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Османи, како што соопштија од МНР, нагласи дека тоа ќе претставува охрабрување и за Украина, која соочена со директна воена агресија, исто така го брани нивниот избор за почитување и припаѓање кон европските вредности.

На маргини на Балканскиот Форум во Будимпешта, Османи реализирал бројни средби со хомолози од регионот.