Неколку сензори за радијација се оштетени денеска по новото руско бомбардирање на областа во близина на нуклеарниот реактор на електраната Запорожје, соопшти украинскиот оператор Енергоатом.

„Ситуацијата се влошува, радиоактивни супстанци се во близина, а неколку сензори за радијација се оштетени“, напиша Енергоатом на Телеграм.

Вечерва Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.