Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека обидите на Западот да ја ослабне Русија не успеале и покрај големиот број санкции што се воведени против Москва, пренесува МТИ.

– Во моментов против Русија се во сила 11.000 санкции, но обидите за ослабување на Русите не се крунисани со успех. Напротив, тешката инфлација и енергетскиот дефицит, предизвикани од санкциите, би можеле да ја доведат Европа на колена – рече Орбан.

Според него, доколку не се промени политиката на санкции во Европа, ситуацијата ќе биде тешка.

Орбан истакнува дека е неопходно „да се бориме против зелените и бирократите вклучени во геополитичките игри“ за да се убедат да не се откажуваат од различни извори на енергија.

– Од политички причини се откажуваме од користењето различни извори на енергија и со тоа си го поскапуваме животот и ја отежнуваме позицијата на сопствената индустрија во глобалната конкуренција – рече Орбан.

Претходно, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија не сака да разговара за санкциите против Русија во врска со снабдувањето со нафта и гас. Според Сијарт, „бидејќи не е возможно да се транспортира природен гас во воз или во ранец“, Европа нема да може да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори./makfax