Референдумот треба да се одржи како дел од отпорот по притисокот на Европската унија – Унгарија да ги промени неодамнешните измени и дополнувања на законите за образование и заштита на децата, пренесува Ројтерс.

Advertisements

“Во последните недели, Брисел очигледно ја нападна Унгарија преку законот за заштита на децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинки, училишта, на телевизија и во реклами”, рече Орбан.

Потоа наведе пет прашања, вклучително и дали Унгарците прифаќаат во училиштата да се зборува за  сексуалноста без одобрување од родителите, дали поддржуваат промовирање на третман за промена на пол за малолетници и дали поддржуваат „неограничена медиумска презентација за малолетници со  содржина од сексуална природа, која влијае на нивниот развој”.

Орбан, кој не го наведе датумот на референдумот, побара од Унгарците да одговорат „не“ на сите прашања.

Прикажи повеќе