Холивудскиот актер Џорџ Клуни одигра бројни улоги, но сега откри дека во текот на  снимањето на филмот „Еден убав ден“ со  Мишел Фајфер , од 1996 година бил толку мамурен, што одвај  успеал да ги сними сцените.

– Пијанството се случи непланирано. Претходната ноќ излегов со пријателите и се запивме, а кога добив порака дека снимам рано наутри, веќе наголемо бев пијан – откри актерот во една емисија и додаде:
– Кога се видов во огледало како изгледам ми беше јасно дека сè уште сум пијан. Отидов на снимањето и тогаш таа (Мишел) дојде до мојат априколка, седна, ме погледна, а ја само  ѝ  реков дека не знаев оти имаме закажно снимање. Таа само потврди дека е очигледно дека сум  пијан. Не го заборавив својот текст, што е добро, но лошо е што баздев на алкохол. Прскаа сè и сешто околу мене да се неутрализира мирисот, но за џабе.