По донесувањето на одлуката на Советот на Општина Велес за паричен надоместок за секое прваче, со ребаланс на буџетот, се обезбедени потребните средства за околу 500 првачиња од Општината, информира градоначалникот Марко Колев.

Тој појасни дека по завршувањето на сите административни процедури средствата ќе бидат на располагање на сметките на родителите најдоцна до среда.

-Продолжуваме посветено! Инвестирањето во децата е инвестирање во нашата иднина!,потенцира Колев.