Оперската претстава ,,Пикова дама” од П.И Чајковски во изведба на Државната опера Варна ќе биде претставена на 14 декември во почеток од 20 часот во Националнага опера и балет во РС Македонија, јавува Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, пренесува Трибуна.

Диригент на претставата е Григор Паликаров а режисер е Вера Немирова. Сценограф и костимограф Јулијан Табаков. Кореограф е Ана Пампулова а диригент на хорот Теодора Георгиева .

Улогите ќе ги толкуваат солистите на Операта во Варна: Валериј Георгиев , Пламен Димитров , Иво Јорданов , Пламен Рајков , Евгениј Станимиров, Велин Михајлов, Петар Петров , Владислав Владимиров, Бојка Василева, Ирена Жекова, Михаела Берова, Вјара Железова, Галина Великова и Лилија Илиева.