Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на негова иницијатива, одржа онлајн состанок со амбасадорите и претставници на Директоратот за економска дипломатија при МНР.

На состанокот, како што објави на својот фејсбук профил, биле разгледани можностите за изнаоѓање алтернативни пазари за оние производи кои се извезуваат во Русија, Украина и Белорусија.

-Во овие тешки времиња на светска криза заеднички ги вложуваме сите сили и напори да им помогнеме на македонските земјоделски производители да ги пласираат своите производи во странство и да најдат нови извозни пазари, наведе министерот Николовски.