Омлет со шунка или сирење 60 денари, телешко печење 160 денари, свинско печење 140 денари, мешана салата 40 денари. Вакви цени можат да се забележат во ресторанот во македонското Собрание, каде што ручаат пратениците. Но, иако цените се ниски и иако пратениците имаат најевтини оброци на своите места, сепак не сите јадат таму, објави Алсат. Како што објави оваа телевизија дел од пратениците луксузот го бараат во најпрестижните ресторани во градот.

Според прописот за државните институции, Службата за општи и заеднички работи е надлежна за снабдување со прехранбени производи на Собранието, кабинетот на Претседателот, Владата и другите државни ресори. Но, во менито со симболични цени каде еспресо чини 10 денари, салата 15, а најскапата храна се чини е 390 денари за килограм печена риба, не можат да уживаат граѓаните, туку само пратениците и службениците од надлежните институции, каде има случаи кога со себе дома носат храна за да има на маса за целото семејство.

Повеќе на следниот ЛИНК.