Шумскиот пожар кој зафати делови североисточно од Перт, во Западна Австралија, уништи околу 30 домови и се заканува да продолжи, додека локалното население во регионот тврди дека е предоцна за евакуирање.
Пожарот кој избувна вчера зафати земјиште со површина од над 7.000 хектари, во радиус од 75 километри, во близина на градот Вуролу, а погодени се неколку околни места.
Градоначалникот на Свон, Кевин Бејли изрази уверување дека во пожарот се уништени 30 домови, а еден пожарникар е хоспитализиран поради вдишување чад.
Властите во Западна Австралија тврдат дека површината која е зафатена од пожарот, двојно се зголемила во текот на ноќта, а пожарникарите трагаат по евентуални жртви.