ФИФА го отвори првиот дисциплински случај на турнирот. ФИФА соопшти дека обвинението е покренато против еквадорските навивачи, „поради скандирања“ на неделниот натпревар против Катар и го наведе делот од дисциплинскиот правилник кој се однесува на дискриминација.
Наводно, скандирањата биле насочени кон Чиле, кои поднесоа жалба до Судот за спортска арбитража пред Светското Првенство, во обид да го заземат местото на Еквадор на Мундијалот. ФИФА не одреди конкретен датум за случајот против Фудбалската федерација на Еквадор.
Навивачите на Еквадор, исто така, го привлекоа глобалното внимание со нивните извици „сакаме пиво“ на шпански јазик за време на победата на селекцијата од 2-0 на стадионот „Ал Баит“ против домаќинот Катар. Ова беше повик кон ФИФА и организаторите на турнирот кои ја забранија продажбата на алкохол на стадионите.