Некои уживаат во сончањето само по себе, додека други го прават тоа чисто од естетски причини, имајќи предвид дека исончаната кожа е многу поубава од бледата кожа.

Сега да претпоставиме дека сте се сончале крајно совесно, односно дека сте ги презеле неопходните мерки за да го заштитите телото од штетното влијание на сонцето, со добра хидратација и употреба на крема со заштитен фактор.

Прекрасниот чоколаден тен сега е вашата заслужена награда. Сепак, и самите сте свесни дека не може да трае вечно и дека по неколку недели ќе почне да бледнее.

Ваше е да ги преземете неопходните чекори за да го задржите вашиот тен што е можно подолго. Ви претставуваме 4 многу едноставни начини како да го постигнете тоа.

Избегнувајте силни гелови за туширање

Избегнувајте сапуни и шампони, гелови за туширање и слично, кои содржат силни хемикалии. Изберете ги понежните, поблагите и поприродните. Освен тоа, не се туширајте со премногу топла или премногу ладна вода, туку со млака.

Триење со крпа

Избегнувајте триење на кожата со крпа после туширање. Подобро е само малку да ја тапкате кожата со мека крпа или фротир, а потоа да нанесете бебешко масло и да ја оставите природно да се исуши.

Одржувајте го тенот така што ќе се „скрие“ во сенка. Да, добро прочитавте! Дури и во сенка, сончевите зраци ќе допрат до вас, но нема да можете да изгорите, што дополнително значи дека вашата кожа нема да се лупи.

Не заборавајте колку е важно да го одржувате вашето тело хидрирано. Пијте околу 8 чаши вода дневно или зелен чај.

Портокалова и зелена храна

Неопходно е да се снабди исончаната кожа со каротеноиди. Пигментите кои се наоѓаат во портокаловиот, црвениот и зелениот зеленчук и овошје може да ви помогнат да одржите здрав чоколаден тен. Кајсии, праски, јаболка, пиперки, моркови и домати нека бидат на вашата чинија секој ден.