Изборите за наследник на Хосеп Марија Бартомеу беа закажани за 24. јануари, но денеска се одложени поради зголемениот број на заразени лица со коронавирус во Каталонија.

Одлуката за одложување на изборите беше донесена денеска по состанокот на претставниците на клубот и на регионалната влада кој следеше по објавата на шпанската валда дека нема да бидат дозволени никакви исклучоци во мерките за борба против коронавирусот.

По одлуката на шпанската влада и регионалната влада на Каталонија ги поостри мерките во борбата против коорнавирусот и забранија дури луѓето да ги напуштаат своите општини освен во случај на работа, на образование и од здравствени причини.

Во трката за претседател на Барселона останаа само тројка кандидати Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреикс, а главен фаворит според анкетите е Лапорта.