Под мотото „Доверете ни го вашето здравје“, на 25 септември се одбележува Светскиот ден на фармацевтите. Годинашното мото е избрано токму поради фактот што во оваа ера на пандемија, токму довербата што пациентите ја имаат кон здравствените работници, меѓу кои и фармацевтите како едни од најдостапните, е таа што помага полесно да се соочиме со ковид -19.

Бројни истражувања, веќе години наназад, во континуитет ги сместуваат фармацевтите меѓу петте најдоверливи здравствени работници. Исто така, и едукаторите се постојано во првите пет, и според најновите истражувања, научниците се едни од најдоверливите луѓе во светот. Фармацевти, едукатори и научници. Тоа е нашата фармацевтска професија, велат од Фармацевтската комора на Македонија.

Довербата е резервоар на добра воља , а фармацевтите изградиле голема „ резерва“ преку долготрајната грижа за пациентите и одличната практика.

Во моментот во светот е создадена клима на огромна недоверба, како резултат на пандемијата и циркулирањето на многубројни лажни информации околу „КОВИД 19 “.Мерењето на степенот на доверба покажува дека недовербата кон општествените лидери е значително зголемена , но и недовербата кон ресурсите за информации е на високо ниво. Во време кога владее несигурност кон вакцините, јавната доверба е од најголемо значење од кога било досега. Ние фармацевтите даваме совети поткрепени со најновите научни докази. Ние можеме аргументирано да им се спротивставиме на анти-вакцерите и да ја зголемиме довербата кон вакцините во полза на нашата заедница, додаваат од Фармацевтската комора.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.