На свечената седница на Собранието на Косово, посветена на семејството Јашари и епопејата на ОВК, косовската претседателка Вјоса Османи рече дека настаните од март 1998 година е столбот врз кој е основана државата.
„Жртвата дадена на 5 март од командантот Адем Јашари заедно со неговото семејство беше иницирање на мобилизацијата на девојките и момчињата на ОВК, кои во текот на трите дена од битката во Преказ, во херојска пресметка со силите на геноцидниот режим на Србија, ја добија вечноста“, рече Вјоса Османи, претседателка на Косово.
„Во историјата на ОВК и Косово, отпорот на семејството Јашари од Преказ и ликот на Адем Јашари се фундаментални и централни и такви ќе останат засекогаш“, рече Албин Курти, премиер на Косово.
„Војната на семејството Јашари беше настан без преседан не само во историјата на Косово, туку и во историјата на светот. Светската историја не познава сличен. Проширеното семејство Јашари, три генерации во древната земја на нивните предци, од чичко Шабан, до малиот Блерим, ја прогласија слободата на нашиот народ и ја бранеа до нивната целосна саможртва“, изјави Глаук Коњуфца, претседател на Собранието на Косово.
Со порака до пратениците се обрати и Рифат Јашари, братот на легендарниот командант Адем Јашари.
„Ова е Собрание каде што се носат одлуки за иднината на државата, за иднината на земјата, би сакал да бидат на ист јазик, со ист став и да го надминеме овој предизвик што го имаме пред нас, еднаш и засекогаш да се одвоиме од Србија и потоа да имаме време да се занимаваме со други работи“, рече Јашари.
На 5, 6 и 7 март 1998 година, во Преказ, српските сили ги нападнаа куќите на семејството Јашари, при што беа убиени повеќе од 50 членови на ова семејство.
Шкелзен Аќифи