Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек“ во врска со производството на вакцината Спутник В во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ Кирил Димитријев.
„Деновиве разговараме со италијанската влада. Постојат многу (италијански) региони кои изразија ентузијазам за Спутник V и сакаат да ја произведуваат вакцината – рекол Димтријев за Раи 3, објави ТАС С.
– Advertisement –