Од понеделник угостителите, туристичките работници, сметководителите, танцовите училишта и останатите дејности ќе протестираат пред Владата. Нивните досегашни собири пред Министерството за финансии велат дека биле игнорирани од властите. Доставиле конкретни барања, но не добиле никаков одговор. Од овие дејности се жалат дека се на работ на егзистенцијата и доколку државата не им помогне ќе бидат приморани да стават клуч на нивните бизниси и да ги отпуштат работниците. (Изјава)
„Пред Влада ќе се собираме и протестираме секој ден до исполнување на нашите мерки. Во меѓувреме продолжуваат паушалните мислења на високи функционери, врз основа на кои се креираат мерките, наместо вистинска и сеопфатна анализа на терен и консултација со соодветни стручни лица“, рече Мартин Ангеловски туристичко – угостителска комора.
– Advertisement –