Тим француски пожарникари беше испратен денеска во англиското пристаниште Довер со 10.000 тестови за коронавирусот наменети за возачите на камиони кои се заглавени чекајќи да се отвори тунелот под Ла Манш.
Франција бара негативни тестови од возачите кои сакаат да влезат на континентот, но британската Влада имаше проблем со дистрибуција на тестови до 6.000 камионџии во областа Кент, објави Гардијан.
Француската амбасадорка во Велика Британија Кетрин Колона објави дека 26 пожарникари однеле 10.000 тестови за Ковид-19 во Довер, за да можат камионџиите да влезат на континентот пред Божик.