По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против скопјанец на 55-годишна возраст, кој се товари дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

На 28 септември, обвинетиот со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена. Оштетената ја пресретнал околу 15:00 часот, кога се враќала од работа, присилно ја внел во возилото кое го управувал, па ја однел во станот на неговата почината мајка. Таму започнал физички и психички да ја малтретира жртвата, упатувајќи закани кон неа и закани за нејзината ќерка. Цело време ја удирал и ја влечел за косата, по што извршил обљуба врз неа. По присилниот сексуален однос, продолжил да ја удира жртвата со боксови и клоци, од кои оштетената се здобила со телесни повреди.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​​