На својот фејсбук – профил Владимир Блажев – Панчо, дел од музичкото дуо „ДНК“ објави фотографија од нивна обожавателка од Битола.

Девојка по име Марина Ангеловска на раката го истетовирала името на бендот чија фотографија Панчо ја сподели јавно, а под објавата во неверување за овој гест раперот напиша:

Ни на сон не би ми паднало на памет дека ќе бидеме нечива инспирација за да ни посветат дел од своето тело. Буквално сум оставен без зборови. Марина капа доле, стои под фотографијата која Панчо ја сподели на неговиот фејсбук – профил.


Андреја Ѓорѓиески и Владимир Блажев – Панчо го сочинуваат дуото „ДНК“ кои како артиски со претходно музичко искуство и образование започнуваат заедничка кариера во 2001 година кога и го промовираат првиот сингл со наслов „Девојка за везден“ за кој снимат и видео запис.

Како дуо тие имаат бројни обожаватели на нивната музика во нашата земја и надвор од неа, а несомнено дамите се нивни најголеми фанови.