Голем инцидент се случил во привремениот дом на Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона, – јавуваат шпанските медиуми.
Рано утринава, фудбалерот и неговото семејство биле жртви на вооружен грабеж, откако група од засега непознати лица насилно влегле во неговиот дом.
Обамејанг бил приморан да го отвори сефот од каде крадците однеле накит со голема вредност и пари, а фудбалерот дури бил и претепан од напаѓачите.
Немилите сцени се случувале пред очите на сопругата на фудбалерот од Габон, по што натрапниците побегнале со автомобил.
Обамејанг дојде во Барселона во јануари, а ова веројатно му се и последни денови во Шпанија, бидејќи е најавено негово заминување од тимот на Чави Ернандес.