Марк Зукенберг на својот Фејсбук профил напиша дека објавата на Леонел Меси на Светското првенство е најлајкувана во историјата на Инстаграм.

„Објавата на Лео Меси на Светското првенство сега е најлајкувана во историјата на Инстаграм. WhatsApp исто така достигна рекордни 25 милиони пораки во секунда за време на финалето“, пишува тој.

Се работи за објавата на Меси на која го држи скапоцениот трофеј, а истата има над 63 милиони лајкови.

Инаку, досега овој рекорд го држеше познатото јајце, кое има над 57 милиони лајкови.