Американскиот претседател Џо Бајден го нарече одвратен нападот врз сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Тој беше нападнат вчера за време на упад на едно лице во нивниот дом во Сан Франциско. Пол Пелоси се здоби со фрактура на черепот откако човекот, кој наводно ја барал неговата сопруга, го удрил со чекан. Полицијата подоцна го уапси. Нападот доаѓа на помалку од две недели пред среднорочните избори на 8 ноември, на кои се доведува во прашање контролата на Претставничкиот Дом и Сенатот./Alsat.mk

Прикажи повеќе