Порше 911 ГТ2 РС“ од претходната серија 991 сѐ уште е најмоќниот сериски „елфер“ досега, но тоа германската тјунинг-компанија „Манхарт“, сепак, го направи уште помоќен.

Меѓу најновите проекти зад познатата компанија за модифицирање возила, е проект заснован на „Порше 911 ГТ2 РС“, придвижуван од 3,8-литарски 6-цилиндричен би-турбо мотор со вообичаените 700 коњски сили. Новиот „суперавтомобил“ означен со „ТР 900“, од друга страна, има бројни нови карбонски елементи на каросеријата, сепак засенети од фактот дека речиси тркачкото купе на „Порше“ го придвижуваат 945 коњски сили и 1.050 њутн-метри во вртежи.

За значително поголемиот „столб“ над задната оска, стандардните турбополначи се заменети со поголеми и помоќни турбополначи „ТТХ 1000“. Ладилниците се, исто така, поголеми, интеркулерот е различен, а електронската контролна единица на моторот е прекалибрирана заедно со поотворениот издувен систем.

Податоците за перформансите не се објавени, а „ТР 900“ ќе чини 550.000 евра

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.