Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски при неговата официјална промоција, истакна дека ветува максимална работа и посветеност, за нови радости и победи на најдобриот национален тим.

– Можам да ветам максимална посветеност во мојата работа и професионалност. Вреднување на човечките вредности на сите нас. Ќе соработувам со голем број на познати личности. Возбуден сум за тоа. Едвај чекам да се видиме повторно. Сето она кое ни следи за новиот циклус, можам да кажам дека заедничка цел на сите ни е ЕП 2024 година, но во тековните квалификации за СП 2022 во Катар ќе дадеме се што умееме и знаеме за да имаме успешни квалификации и да останеме конкурентни до крајот на циклусот, изјави Милевски.

– Ова не е приватен тим. Сите се Македонија. Сите ќе треба да одговорат на предизвикот.  Дека ќе има измени, ќе има, знаете дека Пандев, Тричковски и Велкоски изразија желба да прекинат со настапите за А-тимот. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за сето она кое го постигнаа. Исто и на мојот претходник Ангеловски за афирмацијата на македонскиот фудбал, дополни Милевски.