Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 38 и седум лица се починати, информираат од Министерството за здравство.

Согласно податоците од  Институтот за јавно здравје, новорегистрираните случаи се во Скопје – осум, Куманово – два, и Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по еден.

Како шти информираат од МЗ, регистрирани се 38 оздравени пациент од: Скопје – 17, Велес и Радовиш – по четири, Охрид – три, Тетово, Кавадарци, Кичево и Македонски Брод – по два,  Пробиштип и Македонска Каменица – по еден.

Пријавени се вкупно седум починати лица: две од Скопје на возраст од 77 и 73 години и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите пет во болнички услови.

Направени се 3.109 тестови преку: ИЈЗ-458, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–24, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–85, МАНУ-40, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-339, Биотек-526, Систина-175, лабораторија Лаор-287, Синлаб-121, Ремедика-51, Плодност–45, Генеа–41, Никоб лаб-140, ВФВ Медикал-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 308.

Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје – 427 активни,  Куманово – 109, Прилеп – 57, Тетово – 43, Битола – 51, Велес – 10, Гостивар – 26, Кавадарци – 8, Охрид – 51,
Штип – 16, Струмица – 37, Струга – 23, Кочани – 13, Кичево – 41, Гевгелија – 10, Неготино – 8, Свети Николе – 10, Ресен – 9, Крива Паланка – 3, Радовиш – 22, Берово – 2, Делчево – 9, Дебар – 1, Виница – 18, Валандово – 1, Богданци – 2, Крушево – 4, Демир Хисар – 5, Кратово – 7, Македонски Брод – 1 и Македонска Каменица – 3.

Во Пробиштип, Демир Капија, Пехчево и Дојран нема регистрирано активни случаи

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.