Олимпискиот комитет на Северна Македонија дополнително ќе даде финансиска награда за Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на ОИ во Токио во таекводндо во категоријата +80 килограми. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно.

Како што е познато, претходно Владата одлучи да го награди со еднократна парична награда од 30.000 евра.