Во новата сезона во Формула 1, еден од домаќините на трката ќе биде Саудиска Арабија.

Трката во Саудиска Арабија ќе се одржи во декември, а денес беше претставена конфигурацијата на патеката во Џеда, која изгледа феноменално.

Тоа е улична патека долга 6.175 километри и ќе биде втора најдолга во календарот, веднаш зад легендарните Спа-Франкоршамп.

Патеката во Џеко има дури 27 завои, а просечната брзина на патеката ќе биде околу 250 км на час, што е најголема брзина за улична патека.

Патем, патеката ја дизајнираше познатиот архитект Херман Тилке во соработка со тимот на „1 Моторспорт тим“ под водство на спортскиот директор на Ф1, Рос Браун.