На улиците на Филаделфија нова улична дрога ги збунува лекарите. Претставниците на јавното здравство се вознемирени од нејзиното ширење и загрижени од ужасните рани што ги предизвикува врз телата на оние што ја користат.
„Tranq Dope“ е мешавина од Fentanyl, опиоид што ја десеткуваше младината во Америка и ветеринарниот лек наречен Xylazine, a се продава на улица за само неколку долари.
Дилерите знаат дека ако наркотикот го искомбинираат со Fentanyl го продолжува „трансот“. Покрај полусвесната состојба што ја предизвикува лекот, коmбинацијата буквално ја распаѓа кожата на луѓето. Необработените рани избиваат во лушпеста кора од мртво ткиво, која, доколку не се лекува, може да доведе до ампутација на екстремитетот.
Употребата на „транк“ во Филаделфија се зголеми во последниве години. Одделот за јавно здравје во градот неодамна најде ксилазин во секој примерок на тестирани лекови.
Алармот е најгласно вклучен, а јавноста и здравствените работници од другите американски градови бараат одговори.
Извор: SkyNews