Цената на барел нафта на лондонскиот пазар утринава расте и изнесува 99 долари, што претставува пораст од околу 2 отсто во однос на вчерашниот ден.

Цените паднаа од највисоките нивоа погодени од руската инвазија на Украина и санкциите на Западот против Русија, поради стравувањата од глобална рецесија.

Саудиска Арабија навести дека најголемите производители би можеле да стават помалку барели на пазарот.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше повисока за 2,52 долари од вчерашното затворање и изнесуваше 99,00 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 2,34 долари, од 92,70 долари.

ОПЕК може да го намали производството? Трговците се фокусираа на пораката од Саудиска Арабија дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници би можеле да го намалат производството доколку тоа го бара ситуацијата.

ОПЕК + има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалувањето на производството, објави саудиската државна новинска агенција SPA, изјави министерот за енергија, Абдулазиз бин Салман, во интервју за Блумберг.