Од утринава во Киев одекнуваат експлозии. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека цел на нападот била клучната инфраструктура во северниот дел на Киев. Украинските власти наведуваат дека имало три напади на електрична централа.

Руските сили ја нападнаа енергетската инфраструктура и предизвикаа неколку експлозии, по што над градот се издигна чад, а некои делови немаат струја, изјавија украинските власти и очевидци.

ТАСС јавува дека две серии експлозии одекнале во северниот град Харков со разлика од пет минути. Градоначалникот Игор Терехов вели дека детонациите се случиле „недалеку од индустриско претпријатие“.

Во експлозиите во Житомир биле оштетени две енергетски постројки, а спасувачите се упатиле кон тие објекти.

„Градот моментално е без струја и вода, болниците се на помошни генератори. Засега не се познати информации за бројот на жртвите и штетите“, напиша Серхиј Сукомлин, градоначалник на украинскиот град Житомир.

Воздушната закана моментално е во сила низ цела Украина.