Репрезентацијата на Норвешка ја декласира Франција со 28:20 во полуфиналето на Европското првенство и ќе има шанса да и се одмазди на Данска за единствениот пораз во досегашниот тек од шампионатот.

Advertisements

Франција одигра катастрофално второ полувреме кое го загубија со 16:9 и ќе мораат да се задоволат со борба за третото место и дуел против селекцијата на Црна Гора.

Норвежанките го контролираа резултатот во најголемиот тек од натпреварот. На полувреме заминаа со еден гол предност (12:11), но потоа се случи вистинска експлозија за која Франција немаше одговор. Нора Мерк беше најефикасна со осум гола, а еден помалку постигна Офтедал. /Makfax/

Прикажи повеќе