Нашиот репрезентативец одлучи да ја продолжи кариерата во Италија, поточно во тамошната втора лига, Серија Б.

Членот на македонската А селекција, Бобан Николов веќе го подигна „жолто-црвениот“ шал, боите на Лече, популарните „волци“.

Досега играчот од средниот ред ги бранеше боите на унгарската екипа МОЛ Фехервар.

Веќе ги помина лекарските прегледи и наскоро официјално треба да биде промовиран од клубот, по што ќе се дознаат и деталите околу договорот.

Во досегашната кариера Николов на клупски план настапуваше уште за романскиот Вииторул и Вардар.