Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе и имавме доволно домашно производство немаше да купуваме енергија по 17 денари, за да ја продаваме 3,5 денари, туку ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена. Но наместо вистината, претседателот на РКЕ се слика и дава интервјуа за правдање на укинувањето на дневната евтина тарифа, вели Горан Николов, член на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Неуспехот на СДСМ во менаџирањето на енергетските компании се сведе на грбот на народот. Зголемувањето од 9,84%, заедно со укинувањето на дневната евтина тарифа се само дел од колапсот што го предизвикаа неспособните кадри на СДСМ. За жал и компаниите кои набавуваат на слободниот пазар не се во подобра позиција. СДСМ ги остави да тонат во долгови поради пропаѓање на снабдувачите и повисоките цени на берзите, под изговор дека се работи за облигациони односи. Сакаме да ги потсетиме дека во услови на прогласена електроенергетска криза требаше да се помогне и на компаниите кои не се дел од регулираниот пазар. Но, за жал СДСМ отсекогаш сакала само евтини ПР кампањи и „бонбона“ бизниси. Затоа ја донесоа енергетиката до оваа состојба, за што народот уште долго време ќе чувствува последици, веи Николов.