Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа тврди дека во изминатите недели откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски започнал со посети на општинските комитети се случуваат вербални инциденти помеѓу Мицкоски и незадоволни членови на партијата, пишува Инфомакс.

-Овие неколку денови претседателот оди на средби по локалните комитети и таму се случува сомнителни непознати типови да лажат дека се вмровци и да влегуваат во дуели со Мицкоски со цел да направат раздор во партијата, сметаме дека се тоа агент провокатори пратени од агенцијата за разузнавање која е под палката на Пендаровски, исто се случува и во медиумите новинари кои се на платен список кај агенцијата излегуваат со медиски напади против Мицковски, вели Николоски.