Познатата хрватска водителка Николина Пишек Ристовиќ се огласи по разорниот земјотрес кој вчера ја погоди Хрватска. Николина по ужасот кој се случи таму, упати јавен апел до Владата на Хрватска.

Николина Пишек/Инстаграм

Најмалку што можеме да очекуваме од нашата Влада е да се откаже од купување три распаднати борбени авиони и средствата да ги пренамени за Петриња и Сисак, бидејќи сега им е потребно повеќе од кога било – напиша Николина.