Фудбалерите на Борусија Дортмунд вечерва ја победија Севиља на гости (3:2) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Севиља добро го започна вечерашниот натпревар и стигна до предност во седмата минута. Сусо шутираше од врвот на казнениот простор, а топката зафати еден играч на Дортмунд и заврши во мрежата за 1:0.

Но, по примениот гол, германскиот клуб одигра многу подобро и брзо се врати. Веќе во 19. минута Дортмунд израмни на 1:1, а голот го постигна Дахуд.

После тоа на сцена стапи одличниот Ерлинг Халанд, кој и вечерва беше незапирлив за одбраната на противникот.

Одличниот Норвежанец беше во центарот на вниманието во 27. минута кога по асистенција на Санчо погоди за 2:1 и му донесе пресврт на својот тим.

Но, тоа не беше крајот на возбудувањата во првото полувреме. Дортмунд успеа да стигне до третиот гол во самиот финиш. Овој пат Реус го проигра Халанд кој не погреши и погоди за 3:1.

Во второто полувреме првата шанса ја видовме само во 71. минута, Белингем се закани, но овој пат голманот на Севилја беше сигурен. И кога сите помислија дека тоа е тоа на овој натпревар, домашниот тим намали на 2: 3.

Севилја успеа да стигне до гол во 84. минута и да задржи барем неколку шанси за реваншот, а конечните 2:3 ги постави Лук де Јонг.

loading…