По силното невреме што погоди поголем дел од Србија, пет општини беа принудени да прогласат вонредна состојба. Циклон од Хрватска пристигна во Србија пред неколку дена, кога започнаа обилни дождови и предизвикаа поплави на повеќе места. Српскиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за силни врнежи во подрачјето на Банат и во јужниот дел на земјата.
Општината Чуприја соопшти дека е прогласена вонреда состојба поради штетата предизвикана од невремето. Вонредна состојба прогласена е и во општините Петровац на Млави, Лебане, Црна Трава и Бела Паланка, јавуваат српските медиуми.

Advertisements

Целта на воведување на вонредна состојба е да се отстранат последиците од поплавите што е можно поскоро.

Прикажи повеќе