Пикерот на селекцијата на Конго, Готје Мвумби Тиери е вистинска атракција на досегашниот дел од Светското првенство во Египет, но не поради неговите игри туку поради изгледот.

Дебелкото Мвумби кој на Аргентина и даде четири гола за 11 минути, на официјалната интернет страница е пријавен дека има само 89 килограми. Токму оваа вест предизвика потсмев кај светските медиуми бидејќи никој не верува оти Мвумби има само 89 килограми.

Пореален во откривањето на тежината на Мвумби е неговиот тим, францускиот четвртолигаш Дреукс дека тој е висок 192 сантиметри и е тежок 110 килограми, но прашање е дали и таа информација е вистинита.