NETFLIX ја менува политиката за споделување лозинка и ќе почне да им наплаќа на корисниците за споделување сметка.
Во моментов, сопственик на сметка на Netflix може да додаде до пет профили на својата сметка. Овие профили ќе станат платени подсметки на почетокот на 2023 година. Нетфликс сега ќе дозволи само еден „домашен профил“ и за дополнителни профили ќе треба да се плати, објави компанијата оваа недела. Сè уште можете да ја користите вашата сметка на Netflix кога сте далеку од дома – на вашиот таблет, лаптоп или телефон – но технички ќе биде една сметка на која можете да додавате подсметки.
Платформата за стриминг веќе го лансираше овој модел во Аргентина, Доминиканската Република, Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала. Корисниците во овие земји плаќаат дополнителни 2,99 долари месечно за да додадат профил на нивната сметка. Нетфликс не прецизираше дали цената ќе биде иста за остатокот од светот.
На почетокот на 2023 година, луѓето кои споделуваат ист профил ќе можат да ги префрлат своите профили (односно архивата на содржината која досега ја гледале, списоците со посакуваните серии, препораки и слично) на нови корисници. И сопствениците на сметките – односно оние кои плаќаат за Netflix и чие име е претплатата – ќе можат да ги креираат споменатите под-сметки за луѓе надвор од нивното домаќинство.
Тие би можеле да заработат околу 1,8 милијарди долари
Грег Питерс, главен оперативен директор на Нетфликс, изјави за Вашингтон пост дека должноста на компанијата е „што е можно најдобро“ да ја претвори вредноста на корисниците што не плаќаат во приход, притоа почитувајќи ја желбата на домаќинствата да останат флексибилни.
„Ако имате сестра која, да речеме, живее во друг град и сакате да го споделите вашиот Netflix со неа, тоа е одлично. Ние не сакаме да го спречиме тоа споделување, но ќе бараме од вас да платите малку повеќе за да ги споделите вашите сметка со неа и таа ги добива сите придобивки од услугата, додека ние ги добиваме приходите поврзани со содржината што ја гледа“, објасни Питерс во неодамнешното интервју со новинарите.
Нетфликс моментално поседува околу 300 милиони од вкупно 800 милиони домаќинства кои користат стриминг услуги. Ако успее да извлече пари од само половина од проценетите 100 милиони домаќинства кои споделуваат лозинки, би можел да заработи околу 1,8 милијарди долари, процени Нил Бегли, постар потпретседател во Мудис.