„Тоа е голем клуб. А вие не сте во него“, се зборовите на комичарот Џорџ Карлин, кои би можеле да важат и за приказната за тајниот клуб на Нетфликс за кој малкумина знаат дека постои, објави Волстрит џурнал.
Само за избраните
Да, елитниот клуб на Нетфликс навистина постои и им овозможува на одредени луѓе да гледаат ексклузивна содржина пред да биде официјално објавена.
Клубот за преглед на Netflix е основан во мај 2021 година со цел да добие „фидбек“ за одредена содржина.
Платформата за стриминг првично избра 2.000 гледачи, но во следната година планира да го прошири кругот на елитните на десетици илјади луѓе.
За што се работи?
Не можете да се приклучите на овој клуб и не се знае кои се критериумите за приклучување во клубот, но еден корисник на Reddit тврди дека добил покана преку е-пошта да се приклучи на групата наречена Netflix Surveys.
„Некој друг го доби ова? Добив е-пошта за покана, но не можам да најдам ништо на интернет. Знае ли некој повеќе за тоа? прашал, а друг корисник одговорил дека членовите добиваат „специјален профил на Нетфликс“ и дека платформата испраќа е-пошта кога е време за гледање нов филм.
Има еден „улов“
Истиот корисник на Reddit исто така тврди дека „лицето мора да потпише NDA“ или Договор за необјавување бидејќи ексклузивната содржина „се уште е во завршна фаза на уредување“.
На прашањето дали добива плата за гледање филмови, корисникот одговорил: „Не, но забавно е кога вашето мислење ќе се земе предвид во последната фаза на монтажа“.
Но, во сè има еден „улов“. Имено, содржината мора да се погледне во рок од седум дена, што, веруваме, за многумина не е проблем.