Остана само уште неколку дена до историскиот настап на Македонија на Европското првенство.

Репрезентативците на Македонија веќе се во Букурешт, каде на 13.06 ќе го одиграат дебитантскиот настап на ЕП, против селекцијата на Австрија.

Како м што е познато, поради тешка повреда Илија Несторовски нема да може да им помогне на соиграчите на терен, но ќе им ја даде цела енергија од клупата за резервни играчи.

Денесга играчите го одработија вториот тренинг, а Несторовски седеше на клупата за резервни играчи, па се огласи на Инстаграм.

„Не можам да им помогнам на соиграчите на теренот, но ќе им бидам поддршка од страна и ќе им ја дадам сета моја позитивна енергија“, напиша Несторовски.