Снег денеска ја зафати речиси цела Хрватска, а особено прекрасна глетка е снимена во Имотски.

Покриено со бела прекривка, Синото езеро едноставно го одзема здивот, а видео од нереалната сцена снимена од Мијо Жидар беше објавено на Фејсбук страницата „Имоцки црњаци“.

На споменатата страница е објавено уште едно видео од езерото во бело, кое за неколку часа собра илјадници лајкови.